Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Ковачевски со нов пакет мерки за намалување на цената на храната

Соопштение на СДСМ:

Владата предводена од претседателот на СДСМ и Димитар Ковачевски, во услови на најголемата светска економска и енергетска криза продолжува со грижата за граѓаните и компаниите.

Со новиот пакет мерки им се овозможува на компаниите што произведуваат основни прехранбени производи, основните и средни јавни училишта, јавните претпријатија за водоснабдување и одведување на отпадни води да имаат поевтина струја.

Со одлуката се опфатени компаниите што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија.

Ова ќе влијае врз стабилизирање и намалување на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании. Се очекува мерките да доведат до намалување на цените на основните прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено струјата ќе продолжи да се субвенционира со 80% за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали потрошувачи фирми.

Владата предводена ид СДСМ од почетокот на годината за антикризни мерки за граѓаните и за компаниите намени 750 милиони евра, односно околу пет отсто од БДП, што е најмногу како процент споредено со земјите од Западен Балкан.

Со СДСМ никој нема да биде оставен сам во кризата.

Можеби ќе ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

ДЕСК

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК