Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Прилеп: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, а бараат пари од Владата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Прилеп не ги штедеше критики кон локалната власт во општината.

-Самите гледате дека овде во Прилеп нема ниту еден нов проект, можеби нешто се довршило од претходниот градоначалник од СДСМ ама нов проект нема. Нула! Ама затоа имате поскап јавен превоз, поскап паркинг.
Наместо да понудат помош и поддршка, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ удираат по џебот на граѓаните, бараат пари од Владата, а во работно време на општински настани го шетаат шпицниот кандидат Мицкоски и му реферираат пред камери. Ништо не се менува, иста школа иста матрица, истакна Ковачевски.

Тој рече дека Владата обезбедила средства за патот на влезот во Прилеп од страна на Крушево и за водоводот за манастирот Трескавец, но општината потфрла и се уште нема реализација.

-Но затоа СДСМ е тука за прилепчани. На самиот крај е реконструкцијата на патот на превојот Плетвар, инвестиција од 4 милиони евра. Интензивно се работи за следен проект да биде и негово проширување онаму каде не постои трета лента. Ете затоа немаат доверба граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ, затоа изгубија на предвремените локални избори во август, затоа ќе изгубат и на редовните парламентарни избори во 2024 година, нагласи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК