23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ никаде ги нема да се извинат за лагите дека македонскиот јазик станал дијалект

„Сонот, аманетот на Блаже Конески го исполнивме!“ – со овие зборови претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја започна граѓанската трибина „Силно и одлично кон иднината“ во Прилеп. Тој кажа дека „успеавме да се избориме за нашиот македонски јазик, нашата единствена татковина, како што вели Конески“.

Според претседателот на СДСМ, македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата и е признат и потврден засекогаш. Ковачевски додаде дека е направен историски исчекор, со потпишувањето на Фронтекс договорот, кој е прв документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки.

-За првпат имаме договор којшто е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на којшто стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ. Ова е исклучително значајно, не само за мене туку за македонските граѓани, пред се за Македонците, рече Ковачевски.

Во обраќањето пред прилепчани тој додаде дека ветил потпишување на Договорот со Фронтекс на македонски јазик и тоа се случило, односно дека го исполнил ветеното.

-Потонаа во вода сите лаги, сите манипулации кои ВМРО-ДПМНЕ и Левица на ниво на хистерија ги пласираа. Секој ден зборуваа за наводна асимилација и бугаризација, организираа насилни протести пред Владата и Собранието. Лажеа дека ако прифатиме францускиот предлог и почнеме преговори, македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ. Со вувузели свиреа во Собранието, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот избегаа од собраниската сала. Воопшто и не гласаа, рече Ковачевски.

Тој кажа дека опонентите од ВМРО-ДПМНЕ два дена никаде ги нема и немаат доблест ниту да се извинат.