13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Со граѓаните силно и одлучно кон иднината, граѓански трибини на СДСМ за визијата на државата

Владејачката СДСМ од денес започнува со серија на граѓански трибини каде што со граѓаните отворено ќе се дискутираат мерките и политиките на СДСМ, како и мерките и визијата за иднината на државата.

Првата трибина ќе се одржи денес во 18:30 часот во Домот за култура во Битола, а премиерот Димитар Ковачевски најави дека тој ќе ја презентира неговата визија за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.

Во време на економска и енергетска криза, СДСМ, како владејачка партија, покажа дека знае како да се грижи, па токму затоа треба да се гледа и напред кон иднината, за младите да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ, наведуваат од партијата.

Освен централната граѓанска трибина во Битола, каде што ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, останатите високи партиски функционери на СДСМ претходно ќе имаат граѓански трибини во Ресен, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +