Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен жител на Грчец баран со централна потерница

Денеска (25.10.2022) во 12.05 часот на ул.„Иљо Војвода“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и инспектори по потраги од ЕВР – Ѓорче Петров и ЕВР- Кисела Вода го лишиле од слобода С.С.(59) од с.Грчец, Општина Сарај.
За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 223 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

ДЕСК

Мицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата

ДЕСК

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК