Нема ништо поубаво од уживање во вкусен оброк, но за некои тоа значи дека ќе следи ждригавица. Тоа е прилично чест симптом на рефлукс на киселина, кој понекогаш се јавува сосема неочекувано и предизвикува непријатно чувство на печење во грлото.
Според терапевтот Натали Гири, постојат неколку трикови со кои можете да се обидете да се ослободите од ждригавица.
Пешачење
Пешачењето после оброк овозможува побрзо варење на скробот и липидите во желудникот, што помага да се спречат дигестивни проблеми и рефлукс на киселина.
Земете куркума
Гири вели дека куркумата има антиинфламаторни својства кои можат да ги смират вознемирените црева, да ја ублажат надуеноста и да го олеснат варењето. Напивка од куркума можете да подготвите така што во шолја млеко ќе додадете една лажица кокосово масло, четвртина лажица мелена куркума и лажица мелен ѓумбир.
Состојките изблендирајте ги во блендер, загрејте и испијте топло со додаток на мед доколку сакате пијалокот да има посладок вкус.
Зголемете го внесот на билки
Најбрзиот начин за подобрување на дигестивното здравје е да јадете најмалку 30 различни намирници од растителна основа секоја недела. Тоа звучи како многу, но всушност е едноставно. Во шејковите можете да додадете спанаќ, краставица, кељ, замрзнат карфиол или тиквички. Можете да направите супи од зеленчук или сосови од тестенини или да грицкате сурови стапчиња од целер и морков.