7. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската емисија на Македонската Телевизија, зборуваше за новиот пакет антикризни мерки креирани од Владата на Република Северна Македонија, кои имаат за цел поддршка на компаниите и ранливите категории на граѓани во пресрет на зимата.

Министерката се осврна на мерките кои се наменети за социјално ранливите категории на граѓани, целната група која е опфатена, начинот на исплата и времетраењето на финансиската поддршка.

„Новиот пакет антикризни мерки вреден над 350 милиони евра вклучува финансиска поддршка за социјално ранливи категории граѓани. Предлог законот за финансиска поддршка е усвоен од Владата и влезе во собраниска процедура. Верувам дека ќе биде поддржан од сите пратеници, со оглед дека се работи за најранливата категорија на граѓани во државата,“ истакна Тренчевска.

Министерката информираше за целните групи кои согласно Предлог законот за финансиска поддршка ќе добијат помош.

Вклучени се примателите на правото на социјална сигурност, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Министерката информираше дека со финансиската поддршка опфатени се над 170.000 граѓани. Исплатата на средствата ќе се врши до 5ти во месецот, почнувајќи од ноември, па наредните 4 месеци. Исплатата на финансиската поддршка за корисниците, ќе се врши без поднесување на барање од нивна страна, врз основа на списоци на корисници на финансиска поддршка, изготвен врз основа на податоците од евиденциите на институциите. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ќе се објавуваат списоците на корисниците на финансиската поддршка, а секој оној кој нема да се најде на списокот , а смета дека треба да биде корисник, може да достави приговор, за што ќе биде формирана Комисија која ќе одлучува по приговори.

„Како Влада и ресорно министерство ја следиме состојбата во државата, се прават анализи, доколку се утврди потреба од нов пакет мерки и потребата од поддршка на одредена целна група која сеуште е ранлива, ќе донесеме дополнителни мерки, рече Тренчевска.

Министерката зборуваше и за највозрасната категорија на граѓани, пензионерите, кои согласно новата методологија за усогласување на пензиите, добија зголемени пензии за 6.8%, а со јануарското усогласување од 2.9% оваа година имаат за 9.7% повисоки пензии. Во месец март следува уште едно усогласување. Пензионерите со пензии до 14.000 денари се вклучени и во мерките за финансиска поддршка.

Министерката истакна дека пензискиот систем е стабилен и пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно и предвреме како и досега.

Можеби ќе ве интересира

Митрески: Aнтифашизмот мора да важи и за политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ да не молчи за законот од СДСМ

M T

Ангеловска-Бежоска и Бесими: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година

M T

Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата, подобри услови за работа и пензионирање на војниците

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

Тупанчески: Недонесувањето на Законот за работни односи ќе доведе до сериозни импликации на судскиот систем

M T

1.3 милијарди денари финансиска поддршка за 17.000 тутунари – МЗШВ целосно ги исплати субвенциите за тутун

M T