Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени пет лица од Тетово, расчистени два физички напади

Денеска (11.10.2022), во периодот од 07.30 часот до 11.45 часот, од полициски службеници од СВР Тетово лишени од слобода се пет лица: Д.Л.(23), Б.Д.(18), В.Л.(19), Л.Ш.(24) и А.Ш.(24), сите од Тетово, поради сомнение дека непосредно биле инволвирани во двата физички напади пријавени завчеравечер (на 09.10.2022).

Имено, Секторот за внатрешни работи Тетово ги расчисти нападите кои се случиле на улиците „133″ и „Благоја Тоска” во Тетово, а во кои еден 16-годишник од Тетово беше повреден со остар предмет.

Петте лица се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТМИНА ВОЗЕЛЕ БЕЗ ПОЛОЖЕН ИСПИТ – Полицијата приведе 11 возачи за едно деноноќие

ДЕСК

СО 166 КМ/Ч ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ ДОЗВОЛЕНИ 80, И ТОА ПОД ЗАБРАНА – Полицијата му го одзела „аудито“ на 34-годишник од Радовиш

ДЕСК

ЗАД ВОЛАНОТ НА „ПАСАТ“, А БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Приведен 28-годишник од Штип, полицијата му го одзела автомобилот

ДЕСК