10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Хилари Свонк чека бизнаци

Хилари Свонк го проширува своето семејство – за уште два члена!

Оскаровката (48) во средата на „Добро утро, Америка“ објави дека таа и сопругот Филип Шнајдер очекуваат близнаци.

Ѕвездата на „Алјаска дејли“ нагласи дека мајчинството е нешто што го посакувла долго време.

„Има нешто што го чекав многу долго и сега можам да ви кажам – ќе станам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува“, рече таа.

„Се чувствувам одлично во моментот, но мојата облека почнува да се чувствува тесно“, се пошегува актерката, а потоа додаде: „Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Неверојатно е“.

Хилари и Филип се во брак од 2018 година, а претходно беа во врска две години.

Спонзорирано: