6. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Анѓушев: Големите фирми зависат од државната набавка на енергенси по пониски цени

Политичките субјекти треба да седнат заедно и да се види кои реални можности ги има државата за купување енергенси, а стопанството од своја страна ќе даде поддршка, изјави проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација и претседател на УО и извршен директор на групациајта „Фероинвест“, во гостувањето во вестите на ТВ Сител.

Спасот за големото стопанство, односно за големите капацитети чие производство во голема мера зависи од електричната енергија, Анѓушев го гледа во работењето со максимален капацитет на сите енергетски капацитети во државата, за што е потребна навремена набавка на мазут, јаглен, нафта, гас, по што пониски цени, со цел домашната струја да биде поевтина од таа на берзите.

„Оние компании каде учеството на електрична енергија во вкупните трошоци е над 20%-30%, а кои се на слободен пазар, реално нема да можат да ги издржат високите цени на енергенсите. Ако овие компании почнат со затворање, а имаат голем број на вработени, тие луѓе ќе немаат на кој начин да ги платат ни сметките,” рече Анѓушев, коментирајќи ја состојбата со најголемите стопански субјекти, кои во основа ја сочинуваат македонската економија.

Анѓушев вели дека досега изградените електрани од обновливи извори во значајна мера помагаат во кризата, додека тоа што сега се гради ќе помогне во следниот период, кога и натаму струјата ќе биде скапа и барана.

„Сите кои беа против изградбата на малите хидроелектрани, кои насекаде во светот се еколошки и обновливи извори, денес не се бунат против мазут и јаглен кои се многу штетни, затоа што едноставно нема електрична енергија. Факт е дека ние мораме да го зголемиме сопственото производство на електрична енергија. Имаме уште малку јаглен, а воопшто немаме мазут, нафта, гас, односно сето тоа треба да се увезе. Ни остануваат обновливите извори. Се отвори голем фронт за изградба на фотоволтаици, се градат 120 мегавата во Кичево, 32 мегавата во Свети Николе, 10 мегавата во Македонски Брод, лично јас инвестирам во 8 мегавати во Кочани, се градат два ветерни парка, како и други електрани на обновливи извори. Но, потенцирам дека и во таа експанзија на електрани, треба да се оди со план, односно да не се инвестира стихијно во одредени извори’, рече Анѓушев.

Со Закон за енергетика донесен во 2018 година, се овозможи зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, односно се овозможи изградба на дополнителни мали хидроелектрани, фотоволтаични електрани, ветерници, електрани на био-маса и био-гас, со што ќе се зголеми домашното производство на електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски-Мицотакис: На среден и долг рок работиме на енергетска независност и диверзификација на извори за снабдување со енергенси

M T

СДСМ: Со 400 милиони евра ги помагаме граѓаните и фирмите во време на криза

M T

Владата одлучи: Нов пакет помош за граѓани и фирми вреден 490 милиони денари

CENTAR MKD

Ќе легнат пари на сметките – Колку изнесува К15 оваа година

CENTAR MKD