Centar.mk
фотографијата е на центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Дигиталниот паричник за граѓаните е опција, не обврска

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во интервју за Топ Тема истакна дека Македонија се обидува да биде пионер во регионот со воведување на „дигитален паричник“, кој всушност значи дека сите лични документи граѓаните ќе можат да ги имаат на едно место.

„Ова е еден новитет и со тоа сакаме да покажеме дека можеме да бидеме пионери во поширокиот регион и да направиме голем чекор напред. Дигиталниот паричник е опција, алтернатива, а не обврска – за никого нема да биде задолжителен,“ изјави Андоновски.

Како позитивен пример, тој ги наведе Украина и Полска. „Тоа е електронска верзија на нашите лични документи, а ние сакаме да изградиме супер апликација по примерот на Диа во Украина и Емобиле во Полска. Апликацијата треба да ги содржи и клучните услуги за граѓаните, со цел сите важни услуги и лични документи да бидат достапни електронски, на едно место – во една супер апликација.“

Министерот нагласи дека изгледа тешко, но и дека не е невозможно, бидејќи ги имаме сите потенцијали за развој и преку 1.000 студенти кои што излегуваат од факултетите за информатички науки секоја година.

Тестирањето е планирано за октомври, а во текот на 2026 година дигиталниот паричник ќе им биде презентиран на граѓаните. Целата операција на преземање податоци треба да се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, додаде Андоновски во интервјуто.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +