Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

Во време на сериозна економска и енергетска криза наставата на учениците не смее да трпи, а училиштата не смеат да се затвораат. Тоа е особено важно откако две учебни години поминаа во комбинирана модел на настава или настава од далечина, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека државата е подготвена и има капацитет да помогне, но општините се тие кои мора да ги редефинираат приоритетите, со цел да обезбедат непречено одвивање на наставниот процес.

Од СДСМ велат дека преку домаќински, одговорен пристап, општините треба да се постават за интересите на учениците, наставниците и образовниот процес.

Во време на глобална економска и енергетска криза, важно е одговорното управување со финансиите, општините да ги искористат сите свои капацитети за да обезбедат нормално функционирање на наставата во зимскиот период, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ШТО ГО ВОЗНЕМИРИ СКОПСКО: Млад мопедист пренесен во Ургентен по судир со автомобил

ДЕСК

ТРАКТОРОТ ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, А ТОЈ СИ ЗАМИНАЛ ДОМА: Тажен крај за 71-годишник од виничко

ДЕСК

ГОСТИВАРЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА НАСИЛСТВО: Пријавен дека нападнал полициски службеник

ДЕСК