Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

СДСМ: Нов пораст на просечната плата

Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната плата за месец јули изнесува 31.812 денари односно за 11.5 отсто повеќе од истиот месец од 2021 година.

Во апсолутен износ тоа е за 3.200 денари повеќе за само една година. Овие пораки ги испраќаат од СДСМ во врска со порастот на просечната плата.

„Од овој месец следува покачување на платите во образованието, детската заштита, полицијата и одбраната што ќе влијае на дополнително зголемување на просечната плата.
Во услови на светска економска и енергетска криза преку одговорни и ефикасни мерки и политики Владата предводена од СДСМ обезбедува стабилност и конкурентност на домашната економија“, се вели во нивното соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Мицкоски најави намалување на цените на бензинот и дизелот

ДЕСК

Објавена е нова листа на должници со имиња на фирми и луѓе за данок кон државата

ДЕСК

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК