Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадиновска-Стојчевска: Целата влада и сите вработени се ориентирани на исоплнување на критериумите за ЕУ

„Во моментот Владата, министерствата и сите вработени во јавната управа се насочени кон процесот за исполнување на критериумите за полноправно членство во Европската Унија. Напорно и организирано работиме на тој процес“ изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во „Трилинг“ на ТВ24.

Таа додаде дека уставните измени ќе дојдат последователно и паралелно со процесот на скрининг и увидувањето дека како држава имаме доста сработено на патот кон ЕУ.

„Се надевам дека ќе преовладее разумот кај опозициските партии, бидејќи тие се гласани од граѓани кои сакаат да ја видат земјата како дел од ЕУ. Се надевам дека и опозицијата ќе се вести дека овие чекори не носат никому добро, дури ни на ним самите“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката кажа дека скриниг процесот ќе покаже што е направено, а што треба понатаму да се направи во поглед на реформите и подобрувањето на политиките и рече дека се надева оти ќе преовлада позитивната енергија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

C +