Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата упадна во златарници низ Македонија, одземени 10 килограми злато поради незаконско работење

Полицијата во координација со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршија контроли во повеќе златарници на подрачјето на Скопје, Тетово, Гостивар и Кичево, кои се занимаваат со откуп, изработка и продажба на златен накит.

При контролата, како што соопшти МВР, одземени се повеќе од 10 килограми нежигосани предмети (злато и златен накит) односно констатирано е непочитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања, како и кривични дела определени во Кривичниот законик.

„При контрола на осум златарници во Скопје беа пронајдени и одземени околу 661 грам нежигосано злато, во Тетово при контрола на 11 златарници беа пронајдени и одземени 7.399 грама нежигосано злато, во Гостивар при контрола на седум златарници беа пронајдени и одземени 1.690 грама, а во Кичево при контрола на три златарници беа пронајдени и одземени 269 грама нежигосано злато“, информираа од МВР.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи беа констатирани и други неправилности кои се соодветно санкционирани. По целосно документирање на случаите против сопствениците и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

ДЕСК