22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дали имате проблем да заспиете и имате кошмари кога има ПОЛНА МЕСЕЧИНА? – Еве дали овој природен феномен навистина влијае на квалитетот на сонот

Меѓу луѓето со векови кружат различни верувања за влијанието на Месечината врз здравјето на луѓето, па и денес може да се слушне дека некој не спиел доволно поради „полната месечина“.

Месечевата несоница најчесто ги погодува луѓето неколку дена пред самата полна месечина.

Многу современи студии документираат различни нарушувања на спиењето – на луѓето во денешно време им треба подолго време за да заспијат, спијат пократко, им треба подолго за да влезат во РЕМ фазата, а за многумина длабокиот сон, за време на кој најмногу се одмараме, е уште пократок за 30 проценти.

Не е целосно утврдено зошто е тоа така. Некои научници веруваат дека Месечината го нарушува нашиот биолошки часовник. Имено, неговите хормони го „охрабруваат“ во согласност со количината на светлина, што има смисла, ако се земе предвид дека човечкото тело преку еволуцијата се навикнало да биде будно на силна светлина.

Можно е многу светлата месечева светлина да е одговорна за несоницата низ која поминуваат многумина во овој период.

Други веруваат дека тоа не може да биде причина бидејќи дури и најсветлата Месечина има моќ од само 7 проценти од сончевата светлина, што е прилично низок интензитет. Слично на тоа, контролните студии покажаа дека оние кои спијат во целосно затемнета просторија во ноќите на полна месечина, исто така имаат проблеми со несоница.

Исто така, постојат теории кои ја оставаат отворена можноста за електромагнетно и гравитациско влијание на Месечината врз спиењето, но и тие не се доволно поткрепени со докази. Многумина се жалат и дека имаат застрашувачки соништа во текот на овие ноќи.

Иако, според тоа, дефинитивно не е целосно утврдено која е причината за ваквото силно влијание на овој природен феномен врз човечкиот сон, тоа дефинитивно погодува многумина.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа полна месечина: Овие три знаци треба да се подготват за хаос

M T

Соништата и кошмарите можат да ги имаат истите причини: Еве зошто се појавуваат и како да се спречи нивното повторување

M T

Сјае посветло и поблиску: Еве што ни носи јунската ПОЛНА МЕСЕЧИНА

M T