По јавните прозивки од страна на ВМРО ДПМНЕ дека премиерот Димитар Ковачевски бил неспособен да ја извршува државната функција, со свој став излезе самиот Ковачевски кој тврди дека ВМРО ДПМНЕ ја користи приликата со манипулирање на јавноста, преку наводно нова тема во медиумите, да ги покрие криминално – корупциските скандали во своите редови.
„ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што го гледаме во јавноста изминатата недела е вистина и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во огромна криза. Сепак, јас како претседател на СДСМ никогаш нема да дозволам политичката дебата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ и културно ќе одговорам на лагите и навредите.“- рече премиерот Димитар Ковачевски по јавните прозивки од страна на ВМРО ДПМНЕ дека бил неспособен да ја извршува државната функција.
Ковачевски кој тврди дека ВМРО ДПМНЕ ја користи приликата со манипулирање на јавноста, преку наводно нова тема во медиумите, да ги покрие криминално – корупциските скандали во своите редови. Тој демантира дека избегнал служење на воениот рок и дека опозицијата ја користи неговата здравствена ситуација од пред 20 години со цел политички да профитира и да ги лаже граѓаните.
“Никогаш ниту сум избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден. Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат.“ наведува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.