Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

КОШТА СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Иднината на регионот е во Европската Унија, проширувањето мора да продолжи

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, вечерва на Форумот за проширување на Европската Унија порача дека членството на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија претставува стратешка цел за европската иднина.

Во обраќањето објавено во 18:25 часот, Кошта нагласи дека проширувањето придонесува за мир, безбедност, демократска стабилност и економски развој. Тој потсети дека проширувањето од 2004 година ја зајакнало европската економија и овозможило отворање милиони работни места.

Кошта истакна дека пристапниот процес мора да биде праведен, доследен и заснован врз заслуги, но истовремено ги повика земјите кандидатки да ги надминуваат историските спорови преку дијалог и добра волја. Според него, европската интеграција треба да носи конкретни придобивки уште пред полноправното членство.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ – Не сме песимисти, постојано предлагаме решенија за надминување на пречките кон ЕУ

ДЕСК

ЕВРОПСКИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА МАКЕДОНИЈА – Корупцијата го кочи напредокот кон ЕУ, реформите мора да се спроведат

ДЕСК

Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активност на државата

ДЕСК