Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

МЖСПП: Обезбедени 50 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура во општините

Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка (ЕИБ) по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, во висина од 50 милиони евра.

Со обезбедените финансиски средства од заемот кај ЕИБ, ќе продолжи поддршката за сите општини за воспоставување на основната инфраструктура за обезбедување на чиста вода за сите жители во државата, а реализацијата на проекти ќе се изврши од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија во себе опфаќа: рехабилитација, модернизација и проширување/изградба на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и за набавка на специјализирана опрема за одржување.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски потврди: Отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје

ДЕСК

ДОАЃА МНОГУ ДОЖД И НЕВРЕМЕ: Синоптичарите со 4 дневна прогноза

ДЕСК

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК