Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен крадец на дело во Скопје, следува соодветна пријава

На 15.09.2022 околу 16.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Битола. Тој бил затекнат при обид да одземе пари од каса на продажен објект. Парите му биле одземени и вратени на сопственикот. Кај него биле пронајдени и предмети кои потекнуваат од други кривични дела сторени во Скопје и Битола, кои, исто така, биле вратени на сопствениците.

За настанот бил известен Јавен обвинител и социјален работник од Центарот за социјални работи Битола, кој го презел и однел во неговиот дом во Битола. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ ПРЕКУ СМС-ПОРАКИ ВО ДЕБАР – 67-годишен маж доби кривична пријава поради пораки испратени до 30-годишник

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ВО СООБРАЌАЈОТ ПРЕРАСНАЛО ВО ЗАКАНИ – 45-годишен скопјанец побарал помош од полицијата

ДЕСК

СО ДРВЕНИ ПАЛКИ НАПАДНАЛЕ 26-ГОДИШЕН ОХРИЃАНЕЦ – Кривична пријава против млад маж од Струшко

ДЕСК