Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

269 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (15.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 269 возачи. Од нив 13 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 158 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 111 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД, МАГЛА, ПА ТЕМПЕРАТУРИ ДО 21 СТЕПЕН – Македонија ја очекува нова промена на времето, се најавува и силен ветер над 60 км/ч

ДЕСК

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК