Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари на мигранти

На 13.09.2022 во 22.20 часoт кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш. При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК