Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопствениците

На 13.09.2022 во 15.35 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Пoлициската станица Карпош лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 08.00 до 15.00 часот со употреба на сила и алат влегле во подрумски простории од згради на ул.„Манапо“ и одзеле повеќе предмети од две лица. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

ДЕСК

Бизнис форум во Стокхолм: Потврден силниот потенцијал за унапредување на македонско-шведската економска соработка

ДЕСК

Филипче: Мицкоски да не го користи нон-пејперот на Мерц како алиби за неисплнување на реформите

ДЕСК