Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец осуден на тригодишна затворска казна

На 13.09.2022 во 16.10 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(40) од Скопје. Тој бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК

ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!

ДЕСК