22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска беше во посета на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), каде имаше работен состанок со членовите на Комисијата.

На состанокот, на кој присуствуваше и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини стана збор за тековните активности на Комисијата, како и споделување на мислења во делот на меѓусебната соработката, подобрување на перформансите и обврските на двете институции.

Вицепремиерката Грковска ги информираше членовите на ДКСК за активностите поврзани со моделот на исплата на ваучери во спортот и слабостите коишто се детектирани и најави дека во периодот што следува ќе се посвети на реализација на заклучоците од двете конференции што ги организираше Кабинетот, особено во делот на измена на Законот за спорт, заедно со Министерството за правда, Агенцијата за млади и сите останати чинители. Со свои анализи и предлози ќе се вклучи и ДКСК.

Членовите на Државната комисија за антикорупција се интересираат и за подготовката на законот за потекло на имот, при што вицепремиерката нагласи дека се уште се работи на предлог решенијата и текстот ќе биде споделен со јавноста кога ќе се изготви драфт верзијата.

На состанокот беше разговарано и за обуките за интегритет и за судир на интереси кои се организираат за избраните и именувани функционери.

Вицепремиерката Грковска и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата образложија дека меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции кои треба да им служат на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Грковска: Пред 81 година ја избравме вистинската страна како дел од антифашистичката коалиција, и денеска сме на вистинската страна, ги промовираме правдата, мирот и соживотот

M T

Грковска: Системскиот пристап во справувањето со перењето пари и финансирањето тероризам дава резултати

M T

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Грковска: Дигитализацијата е високо на агендата на Владата зашто е клучен процес за подобрување на јавните услуги и за развој на демократијата во едно општество

M T