18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот Устав и треба да се отфрли

На вонредна прес конференција координаторот на Пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, рече дека иницијативата на Мицкоски за референдум е спротивна на македонскиот устав и треба да се отфрли.
„Уставот како највисок правен акт е јасен: Во член 118, јасно предвидува дека Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со Закон.

Договорот за добрососедство е меѓународен договор и согласно Уставот неговото правно дејство не може да се менува.

Очигледно е дека Мицкоски намерно ја има смислено и поднесено оваа иницијатива на правно неиздржан начин, спротивно на македонскиот Уставот. Само за да создава тензии, да го манипулира народот, свесен дека нема да успее.

Иницијативата беше уште една измама на Мицкоски за спас на сопствената фотелја во Белиот дворец и бизнис интересите на една екипа во неговото опкружување.“ рече Јован Митрески.

Можеби ќе ве интересира

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево

C +

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла

C +

Каранфилова Пановска: Тошковски мора да сноси одговорност за серијата трагични случаи во изминатите 15 месеци

C +