Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Иницијативата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за Референдум е неуставна и затоа е одбиена

”Согласно член 60, став 1, алинеја 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ве известувам дека граѓанската иницијатива за распишување на задолжителен референдум на државно ниво, за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во Службен весник бр. 12/2018 од 18.01.2018 година), не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Северна Македонија.

Имено, во член 118 од Уставот на Република Северна Македонија е утврдено дека Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон. Во членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот е утврдено дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право.” Стои во одговорот на Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК