Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи – Хофрајтер: Германија е клучен политички партнер на Македонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, во Скопје, одржа средба со пратеникот и претседавач на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.

Двајцата соговорници констатираа дека Германија е клучен политички партнер на Северна Македонија, кој и натаму ќе не поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во нашата држава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија.

Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ

Политичко – безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската безбедност и отпорност.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Христијан или малиот Вучиќ од Македонија – кривични пријави за опозицијата, заштита за Алта банка

ДЕСК

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК