3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Успешен почеток на бербата, 30% поголеми откупни цени на грозјето

Премиерот Ковачевски денеска во Кавадарци изјави дека почетокот на бербата на грозјето е успешна и има 30% поголеми откупни цени.

“Ние сме исклучително среќни што оваа година постигнавме договор со кој што имаме 30% зголемени откупни цени на грозјето, тоа беше потврдено и на состанок кој што го имавме заедно и со винариите и заедно со лозаропроизводителите. Оваа година покрај тоа што откупната цена на смедеревката и на вранецот беше зголемена на 13 и на 19%. Дополнително државата во услови на најголема светска криза издвои дополнителни два денари за секој килограм предадено грозје и дополнително за секој литар извесено грозје уште 2 денари, односно од 2 до 4 денари во просек 3 денари, зависно од амбалажата во која што се извесува. Исто така поддршка на винарите што е исто така директно поддршка и на лозаропоризводителите. Тој договор со винариите и со лозаропроизводителите практично овозможи да имаме успех од почеток на бербата, јас посакувам на сите плодот да им биде на високо ниво, а на винариите им посакувам успех во пласманот на виното надвор од државата. она што радува е што ние сме втор најголем извозник на вино во регионот исто така сме еден од најголемите извозници во светски рамки на вино покрај тоа што сме еден од најголемите извозници во европски рамики и квалитетот на виното секоја година е на повисоко ниво. Веќе за 2/3 е зголемен извозот на влаширано вино во однос на наливно вино што беше случај во минатото и тоа само потврдува дека политиките кои што владата ги спороведува во изминатите 5 години се на бенефит на винариите и на лозаропроизводителите и секако на државата, бидејќи извозот на вино од државата надмина веќе 61 милион евра во текот на изминатата година што е за 19% повеќе од 2020 година. Верувам дека со големиот квалитет кој што нашите вина го имаат и што беше потврден од најголемиот европски саем одржан во Белград во организација на Србија, С. Македонија и Албанија дека ќе претставува уште поголем поттик како за производителите на грозје, за сопствениците и менаџирите на винариите, така и за државата да оваа стратешка гранка ја држи на високо ниво на агендата на Министерството за земјоделие.“ рече премиерот Ковачевски.