Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 42-годишник од с. Долно Палчиште, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 15.08.2026, по претходно недоразбирање во сообраќајот, пријавениот со употреба на тврд предмет нападнал 45-годишник од с. Топлица, гостиварско, и му нанел тешки телесни повреди.


