11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ЧУДЕСНО ОВОШЈЕ – Мирисот на лимон го олеснува дишењето, ги одвраќа бубачките и поттикнува подобро расположение

Мирисот на свеж лимон во нашите тела го стимулира лачењето на серотонин, хормонот на среќата кој е одговорен за да се чувствуваме добро. Добро е да исечете лимон и да посолете и да го вдишите мирисот.

Исечете го лимонот на четири парчиња, ставете ги парчињата на чинија и посолете малку. Можете да ги чувате на шкафче до креветот за подобар сон и релаксација или во кој било дел од куќата каде што сакате да создадете миризлива оаза.

Придобивки од вдишувањето на мирисот на солениот лимон: Опушта и освежува, го олеснува дишењето, особено при алергии или настинки, ги одвраќа инсектите кои сакаат да се прикрадуваат во куќата, вклучувајќи ги и комарците, мислите се појасни по будењето, домот мириса пријатно и свежо.

Истражувањата покажуваат дека мирисот на свеж лимон или есенцијално масло од лимон во нашите тела го поттикнува лачењето на серотонин, кој го нарекуваме и хормон на среќата. Како што сугерира неговото име, овој хормон е одговорен за нашето добро расположение.

За да го освежите просторот за живеење, исечете го лимонот на парчиња и потопете ги во вода. Направете го тоа во тегла за покрај мирисот да уживате и во погледот на лимонот. Остатоците откако ќе го исцедите лимонот ставете ги во фрижидер – ќе ги неутрализира непријатните мириси и секогаш кога ќе го отворите ќе ве облее мирисот на свежина.

Освен за подобрување на расположението, неутрализирање на непријатните мириси и јадење, лимонот е одличен и за чистење и дезинфекција на домот. Добро е периодично да се тријат дрвени даски кои се користат за сечење храна со лимон.

Ставете ја солта на даската и истријте ја површината со половина лимон. Оставете околу 10 минути и на крајот исплакнете со топла вода. Сокот од лимон, исто така, ја отстранува нечистотијата од кадите, мијалниците, добар е за полирање на фонтаните, ги отстранува бигорот…

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ОДГОВОР НА ВАЖНО ПРАШАЊЕ – Експертите одговараат дали на луѓето со дијабетес им е дозволено да јадат овошје

M T

Евтиното овошје е најдобриот лек за висок холестерол, дури и го регулира крвниот притисок

M T

Лимонот прави ЧУДА: Со помош на ова овошје можете да ја исчистите МАШИНАТА за садови

M T

Евтино и навистина делува: Со овие трикови ќе ги избелите забите со овошје

M T

ВНИМАВАЈТЕ! ЈАГОДИТЕ СЕ ПРВИ НА ЛИСТАТА: Овие овошја и зеленчуци содржат најмногу пестициди!

M T

ВКЛУЧЕТЕ ГО ВО ВАШАТА ИСХРАНА- Секојдневното консумирање на ова овошје промовира долговечност

M T