Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Нека е со среќа гроздоберот годинава, нека се набере квалитетно грозје и да се произведе квалитетно вино!

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

„Посакувам успешна и бериќетна лозарска година. Нека е со среќа гроздоберот годинава, нека се набере квалитетно грозје и да се произведе квалитетно вино!

Лозарството и винарството имаат огромен потенцијал, Северна Македонија е на истата линија со најпознатите вински региони во светот и затоа ние како Влада континуирано работиме на подобрувањето на условите за производство на квалитетно грозје и вино. Конструктивниот дијалог со лозарите и винариите резултираше со историски најголемо зголемување на откупната цена за грозјето од 30%, а досега се инвестирани околу 76.5 милиони евра, од кои 74 милиони, средства директно исплатени кон лозарите.

Продолжуваме и понатаму со поддршката бидејќи совршеноста од вкусови на локалните сорти, најдобро нè претставува дома, во регионот и во светот.“

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +