22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

Метаболизмот, како најважен процес што се одвива во телото, влијае на обновувањето на клетките во телото, формирањето ензими и поддршката на респираторните функции.

Оние кои имаат забавен метаболизам најчесто страдаат од дебелеење, имаат нарушен метаболизам и тешко слабеат.

Кога метаболизмот не функционира на соодветно ниво, освен разговор со ендокринолог, важно е да се внимава и на исхраната.

Постојат одредени намирници кои можат да го поттикнат забрзувањето на метаболизмот, а американскиот доктор Ади Хорстман го истакнува следново:

1. Кајсии – содржат магнезиум, железо, калиум и растителни влакна, кои позитивно влијаат на организмот. Без разлика дали ги јадете суви или свежи, тие се одличен извор на влакна. Влакната ги разградуваат масните киселини и на тој начин се грижат за здравјето на дигестивниот систем. Исто така, влакната од кајсија го стимулираат метаболизмот преку дигестивниот систем, па затоа се одличен избор за ужина за оние кои се на диета. Во исто време, ефектот може да се види од употребата на свежи и суви кајсии.

2. Авокадо – совршен извор на здрави масти и магнезиум. Исклучително е богат со влакна, помага при слабеење и го намалува нивото на шеќер во крвта. Го забрзува метаболизмот и го регулира апетитот.

3. Боровинки – Содржат витамини К1 и Ц, манган, витамин Б6, Е и бакар. Боровинките имаат низок гликемиски индекс и го контролираат нивото на шеќер во крвта, богати се со диетални влакна и позитивно влијаат на метаболизмот.

Лекарот забележува и дека урамнотежената исхрана кај здравите луѓе го доведува метаболизмот до совршена брзина и му помага на телото да остане во добра форма без многу напор и жртви. Покрај наведените намирници, на листата на намирници кои го поттикнуваат метаболизмот ги додава и чили пиперките и спанаќот.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

M T

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ – Овие намирници се ѕвездите на есенското мени

M T

АЛТЕРНАТИВИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ПРОБААТ – Овие неколку намирници ќе ве разбудат подобро од кафето наутро

M T