22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИКЗДРАВЈЕ

Опасна последица од оралниот секс која треба да ја знаете

Оралниот секс, кој по дефиниција е генитална стимулација со помош на јазикот и устата, е далеку од безбеден во однос на сексуално преносливите болести. Имајќи предвид дека сe работи за сексуално преносливи болести, незаштитен секс е првиот начин на инфекција, а луѓето обично го занемаруваат ризикот од орален секс.

Најчест проблем е фактот што при оралниот секс ретко кој користи заштита, со оглед на тоа што ризикот од инфекција е мал. Всушност, истакнуваат експертите, тоа е голем мит – бидејќи некои болести полесно се пренесуваат орално од класичниот секс.

Трите најчести инфекции

Најголем ризик од зараза се три многу чести сексуално преносливи болести, и тоа гонореја, генитален херпес (како последица на ХПВ вирусот) и сифилис.

Покрај тоа, со оралниот секс може да се добие кламидија, ХИВ, хепатитис А, Б и Ц како и срамни вошки.

Гонорејата е потешка за лекување поради орален секс

Бактериите кои предизвикуваат гонореја можат да живеат и во грлото што може да доведе до ширење на таа инфекција од едно на друго лице за време на орален секс. Вознемирувачки звучи и фактот дека оној кој има гонореја на грлото во повеќето ситуации не ни знае.

– Грлата се „тивки складишта“ на гонореја, а болеста многу лесно се пренесува од грлото до гениталиите. Инфекциите во грлото понекогаш тешко се забележуваат бидејќи таму има помалку бактерии отколку на гениталиите, а потешко е да се лекуваат со антибиотици кои „дејствуваат“ преку крвотокот, а во грлото има само неколку крвни садови, предупреди др. Емили Ајрол.

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) неодамна предупредија дека бројот на заразени со гонореја отпорна на лекови е во пораст, најмногу поради незаштитен орален секс и помала употреба на кондоми поради помалиот страв од ХИВ, што може успешно да се контролира со денешните лекови..

Инфекција од тоалет е мит

Тоа не е нешто за што треба премногу да се грижите. Сексуално преносливите болести се пренесуваат при незаштитен вагинален, орален или анален секс и генитален контакт при споделување на сексуални играчки. Некои инфекции, како што се срамните вошки, може да се пренесат преку кожата или со споделување облека, крпи или постелнина, но не и со седење во тоалет.

Болеста не поминува „сама по себе“

Многу е малку веројатно дека сексуално преносливата болест ќе исчезне сама по себе, а доколку го одложите лекувањето, можни се долготрајни проблеми. Исто така, голема е можноста да ја пренесете болеста на партнерот дури и ако симптомите на болеста се уште не се појавиле.

Кога болеста се пренесува преку орален секс, може да дојде до инфекција во устата, а со тоа и на гениталиите. Симптомите вклучуваат црвенило, брадавици, чувство на печење, треска и намален имунитет.