Постојат пет таканаречени сини зони во светот, или области каде живеат најдолговечните луѓе.
Тоа се италијанска Сардинија, Окинава, Јапонија, грчкиот остров Икарија, полуостровот Никоја во Костарика и калифорнискиот град Лома Линда.
На овие места живеат многу луѓе постари од 100 години, а освен тоа, има многу помалку здравствени проблеми кои го мачат остатокот од светот – дебелина, дијабетес, рак.
На нивната долговечност влијаат различни нешта, но секако исхраната базирана на локално одгледувана храна од растително потекло, риба, јајца и млечни производи. Месото се јаде во помали порции, како и шеќерот, а еве кои видови леб најмногу се консумираат во сините зони.
Леб од кисело тесто
Состојките за леб од квасец се многу едноставни – вода, интегрално брашно и стартер. Овој вид леб најмногу се јаде на Сардинија и Икарија, а благодарение на процесот на ферментација кој е потребен за да се добие стартерот, овој вид леб има повеќе пребиотски својства.
Пребиотската и пробиотската храна имаат добар ефект врз здравјето, имунитетот и долговечноста.
Леб од цели зрна
Луѓето во сините зони често јадат леб од цели зрна – пченица, ‘рж и јачмен, а овие состојки се полни со хранливи материи како триптофан и амино киселини.
Употребата на цели зрна обезбедува повеќе влакна, протеини од растително потекло, хранливи материи, како и антиоксиданси, а сето тоа го подобрува здравјето на срцето и благотворно делува на долговечноста.
За правење на овој леб, покрај интегралните житарки, се користат квасец и вода.
Погача од цели зрна
Луѓето во сините зони оваа погача уште ја нарекуваат и пита леб, а најмногу се консумира во областа Икарија. Значи, се работи за погача од цели зрна, кои одлично се комбинираат со зеленчук и протеини од растително потекло, како хумус или леќа.
Овие погачи ги имаат истите состојки како лебот од цели зрна, а од клучно значење е да се јаде храна која содржи протеини, влакна и здрави масти, со цел да се балансира нивото на шеќер во крвта и да се внесат витамини и минерали во телото.
Леб од пченкарно брашно
Пченкарното брашно се користи во исхраната илјадници години, како една од главните состојки за тортиљи, палента и разни видови леб. Тој е одличен извор на протеини, витамин А, влакна и многу минерали, а лебот од пченкарно брашно најмногу се јаде во Лома Линда.
Жителите на овој калифорниски град најчесто прават леб од мешавина од пченка и брашно од спел, ленено семе, масло, млеко од соја и прашок за пециво. Лененото семе и брашното од спелта обезбедуваат здрави масти и влакна, што е многу важно за здравјето на цревата, мозокот и срцето.