Соопштение на СДСМ:
Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар.
Колку време беше потребно за да го признае тоа?
Денови откако илјадници граѓани во Гостивар се разболеа.
Денови откако водата беше прогласена за неисправна во повеќе населени места.
Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар.
Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена“ да ја проверат водата.
Сега, кога кризата веќе ескалираше и кога повеќе никој не може да ја сокрие, министерот конечно кажува дека системот реагирал доцна.
Ова не е технички проблем, ова е политички проблем.
Институциите предводени од Мицкоски и организираната криминална група ВМРО не реагираат навреме кога е во прашање здравјето на граѓаните.
Реагираат доцна.
Реагираат под притисок.
Реагираат дури кога штетата е веќе направена.
А потоа доаѓаат со признанија како ова, дека светлата се запалиле „со задоцнување“.
Сега, кога конечно имаме признание, се поставува единственото важно прашање: Кој ќе одговара?
Мицкоски?
Клековски?
Или можеби Савески, кој деновиве не реагира никако?
Листата е прилично долга.
Граѓаните немаат ништо од ова признание за црвените светла. Не се виновни црвените светла, туку луѓето што носат одлуки. А одговорност сè уште никој не ја презема.


