Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени дрвокрадци во тетовско и гостиварско

Вчера (8 септември) во 19 часот и 30 минути, во тетовска Волковија, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.Ј.(49) од Гостивар и Ј.С.(63) од ова село, кои со два трактори со приколки пренесувале дабово огревно дрво без потребните документи, откако претходно биле затекнати во атарот на селото.На двете лица одземени им се тракторите „имт“, две моторни пили и дрвата, задржани се во полициска станица и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (8 септември), во 16 часот и 15 минути и 19 часот, ги лишиле од слобода Ш.Х.(48), И.Д.(27), Ј.Д.(38) и Н.Д.(30), сите од гостиварско Чегране, кои биле затекнати на локалниот пат во селото, во месноста „Јолов дол“, како со возила (џипови) пренесуваат огревни дрва без потребните документи.Одземени им се две возила, дрвата и исто толку моторни пили и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат поднесоци по член 226 од Кривичниот законик за „пустошење на шума“.

Можеби ќе ве интересира

СИН ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО – Кривична пријава против 24-годишник од Пехчево

ДЕСК

УЖАС: 15-ГОДИШНИК ПРИЈАВЕН ЗА НАПАД ВРЗ МАЈКАТА – Полицијата постапува по случај во Аеродром

ДЕСК

ЈА ПОЛИЛ СОБАТА СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ КУЌАТА – Сериозен случај во Куманово

ДЕСК