Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

898 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (08.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 898 возачи. Од нив 87 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 382 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 516 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СИН ФИЗИЧКИ ГО НАПАДНАЛ СОПСТВЕНИОТ ТАТКО – Кривична пријава против 24-годишник од Пехчево

ДЕСК

УЖАС: 15-ГОДИШНИК ПРИЈАВЕН ЗА НАПАД ВРЗ МАЈКАТА – Полицијата постапува по случај во Аеродром

ДЕСК

ЈА ПОЛИЛ СОБАТА СО ЗАПАЛИВА ТЕЧНОСТ И СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ЗАПАЛИ КУЌАТА – Сериозен случај во Куманово

ДЕСК