Потеклото на тортиља чипсот датира од 1943 година од градот Пиедрас во Мексико, кога сопругите на американските војници пристигнале во ресторан и побарале од готвачот да им подготви нешто едноставно и брзо.
Сопственикот, Игнасио Начо Анаја, немал доволно состојки за да подготви конкретно јадење – имал само неколку тортиљи, малку рендано сирење и пиперки. Во еден миг смислил рецепт: исекол тортиљи на триаголници – направил чипс од тортиља – посипал рендано сирење и малку пиперки и сите заедно ги ставил во рерна неколку минути и добил ново јадење – начос. Жените биле воодушевени од оваа нова закуска и многу брзо рецептот се раширил низ Америка.
Состојки:
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша обично брашно
половина кесичка прашок за пециво
2 лажици маргарин
По две лажички: семки од лен и семки од сончоглед
лажица маслиново масло
млака вода
малку сол
Подготовка:
Се замесува тесто од брашно, семки, вода и маргарин. Смесата поделете ја на топчиња и оставете да отстои половина час.
Топчињата ставете ги на хартија за печење, па исечете ги на тенки прстени, печете ги на 150 степени околу половина час.