Centar.mk
БИЗНИС

Народната банка ги поттикнува младите истражувачи – во тек е Конкурсот за годишната награда

Народната банка потсетува дека е во тек Конкурсот за годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.

Годишната награда е наменета за поттикнување на научноистражувачката работа и развојот на економската мисла, како и за афирмирање на младите и стручни кадри.

На Конкурсот можат да учествуваат државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, со истражувачки труд кој содржи осврт кон македонската економија.

Трудовите може да бидат напишани на македонски, на албански или на англиски јазик, а на конкурсот може да се поднесе и труд што е веќе објавен, доколку е објавен по 1 јануари 2025 година.

За најдобрите трудови се предвидени парични награди во износ од 130.000 денари за прворангираниот и 65.000 денари за второрангираниот труд.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2027 година.

Можеби ќе ве интересира

Дигиталната инфраструктура како предуслов за нови инвестиции и конкурентна економија

ДЕСК

Халкбанк со поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“ на СОС Детско село

ДЕСК

Анализа: Цената на струјата на ХУПЕКС продолжува да расте, ќе се одрази ли тоа во сметките на македонските граѓани?

ДЕСК