Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Инспекциските служби на Општина Центар ја засилија контролата на градилиштата на територијата на локалната самоуправа. Само во изминатата недела се посетени 10 активни градилишта, при што се утврдени сериозни пропусти во почитувањето на законските обврски.

За време на теренските контроли извршени во доцните попладневни часови констатирани се нарушувања на комуналниот ред и непочитување на Законот за јавна чистота, пришто изречени се 6 казни во висина од по 1.300 евра. Дополнително, на три локации се отстранети блокатори и столбчиња кои биле бесправно поставени на јавни површини.

„Инспекциските служби се на терен. Покрај редовните надзори, спроведуваме вонредни контроли со цел заштита на животната средина, спречување на загадувањето, одржување на јавната чистота и безбедни тротоари и улици. Нема да толерираме нарушување на јавниот простор“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Општина Центар апелира до сите инвеститори и градежни компании да ги почитуваат законските обврски и да преземат мерки за заштита на околината, особено при изведување градежни работи во зони со индивидуално домување.

фото Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК