Што ако заморот стане болест со која треба да се справите на посебен начин?
Случаите на адреналински замор стануваат се почести, а се забележува кај луѓе кои се под физички или психички стрес подолго време, или и двете.
Доколку се сомневате дека имате проблем со тоа, задолжително консултирајте се со лекар.
Симптомите вклучуваат:
– продолжен или прекумерен замор – оној што не исчезнува дури и кога спиеме,
– потешкотии со утринското будење, но и отежнато заспивање навечер,
– зависност од стимуланси како кофеин или шеќер,
– ненадејна потреба за многу солена или многу слатка храна,
– нагли промени во расположението,
– лесна раздразливост,
– неотпорност на стрес.
Во основата на овие состојби лежи ефектот што стресот го има врз надбубрежните жлезди, кои го зголемуваат лачењето на кортизол и DHEA хормоните, додека адреналинот стимулира енергетски бранови кои се потребни само во случај кога животот е загрозен.
Бидејќи тоа не се случува на краток рок, туку станува хронично поради пандемијата, надбубрежните жлезди не успеваат да ја координираат својата работа.
Во состојба на акутен стрес, телото ги запира сите функции освен оние кои се неопходни за одржување на животот, за јадење, спиење и одмор.
Во тоа време, хронично покачениот кортизол има цела низа негативни ефекти врз здравјето – на имунитетот, плодноста, тироидната жлезда, дигестивниот тракт.
За што побрзо да се опоравите од овие пореметувања, потребно е што поскоро да започнете со физичка активност – потребно е да пешачите најмалку 20 до 30 минути дневно.
Од големо значење е емоционалната поддршка – што поскоро воспоставете редовен ритам на контакти со драги пријатели и роднини.
Помогнете му на организмот и со соодветни суплементи, пред се витамин Ц, кој помага во усогласување на работата на надбубрежните жлезди.
Корисни се и адаптогените растенија, како женшен и златниот корен, а од храната зголемете го внесот на коренест зеленчук и печурки.