Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее, рече на прес-конференција, пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој ја пофали Владата дека со државнички политики направила историски исчекор во остварување на стратешката цел поставена уште од независноста – почетокот на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

„Се одржа и првата Меѓувладина конференција, подготвена е структурата за преговори за пристапување со ЕУ. Нашата цел е до 2030 година да ги завршиме преговорите. Она што е исклучително важно е дека ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, македонски јазик и посебност. Тоа е потврдено на официјалните канали на ЕУ, каде јасно стои македонскиот јазик, како и во изјавите на сите високи претставници од Унијата. Пропаднаа буквално сите лаги на Мицкоски. Не само што нема ниту бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со заштитен македонски идентитет и јазик“, рече Каевски.

Според него, Мицкоски измислува нови форми на блокади на европската иднина откако му пропаднале сите лаги.

„Оваа иницијатива на Микоски е Референдум против членство во ЕУ, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Иницијатива за негова внатрешна употреба, која нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее. Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ. Колку е очаен и лицемерен покажува фактот што токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик. Мицкоски бараше референдум и за Преспнаскиот договор, потоа го бојкотираше и на крај рече дека го прифаќа. Иако и за овој договор лажеше дека ќе го загрози идентитетот што се покажа дека не е така“, додаде Каевски.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК