Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен бегалец од затвор, вратен на доиздржување на казната

На 01.09.2022 во 17.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го привеле Ш.Н.(30) од Штип. Тој бил баран по потерница од казнено-поправната установа Затвор Куманово поради бегство од затвор. Ш.Н., исто така, се сомничи дека во периодот додека бил во бегство од затворот извршил неколку кривични дела „тешка кражба“. По издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом и биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ ЗА ДРОГА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Пет лица приведени или лишени од слобода

ДЕСК

ШЕСТ ВОЗАЧИ УАПСЕНИ ВО ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ – Полицијата постапувала поради безобѕирно возење

ДЕСК

СИЛЕН ДОЖД, ПА ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – Македонија ја очекува нагла промена на времето, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК