Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

133 санкционирани возачи во Скопје, 21 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Орбан – ист модел, корупција на сите нивоа!

ДЕСК

Министерот Андоновски го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје

ДЕСК

Платите во Министерството за правда ќе растат за 21%, Филков го потпиша колективниот договор

ДЕСК