12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од септември покачување на платите, најави СДСМ

СДСМ како одговорна партија во изминативе години донесе важни законски решенија кои значеа повеќе пари кај граѓаните и грижа за нивниот економски стандард. Оваа порака ја испраќаат од СДСМ во соопштение до медиумите.

Велат дека од септември следува покачување на платата во повеќе сектори.

„Со неодамна донесениот Закон за служба во Армијата се обезбедени дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, а платите во овој сектор од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари.

Од истиот месец следува покачување на платите на вработените во образованието и детската заштита, додека платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто.

Со новата методологија за усогласување на пензиите, следува и рекордно зголемување на пензиите за над 320.000 пензионери.

Вложувањето во човечкиот капитал, грижата за граѓаните остануваат врвен приоритет за Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ.

И во време на глобална економска криза остануваме посветени на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство“, се наведува во соопштението на владејачката партија.

Спонзорирано: