22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Обрнете внимание на вашето мени: НИКАКО не треба да ги јадете овие 5 намирници секој ден

Иако се здрави, одредени намирници не треба да се консумираат секој ден – ви претставуваме 5, чија количина треба да биде ограничена.

консумирањето на кој било производ во големи количини може да има негативен ефект врз општото здравје, без разлика дали се работи за вештачки шеќер, кој е докажано дека е лош, или на пример некоја здрава храна. Зошто треба да ја ограничите здравата храна?

Бидејќи еден производ, колку и да е здрав, никогаш нема да може да му ги обезбеди на телото сите потребни хранливи материи. Ова е причината зошто разновидна исхрана е толку важна. Постојат некои намирници кои многу луѓе ги сакаат и се здрави, но во никој случај не треба да се јадат секој ден.

Тука се:

1. Зеленчук од семејството на зелка
Зеленчукот е богат со антиоксиданси и хранливи материи, особено оние како карфиол, брокула и кељ. Сепак, според научните студии, нивното прекумерно консумирање може да предизвика хипотироидизам, т.е. недостаток на тироидни хормони. Ова е особено важно за луѓето кои примаат хормонска терапија. Ако навистина не можете да поминете ниту еден ден без нив, советот е прво да ги пржите во тава или да ги зготвите со некоја друга храна.

2. Туна
Иако е здрава бидејќи содржи омега 3 масни киселини и значителна количина на протеини, туната е богата со жива. Прекумерното консумирање може да доведе до таложење на голема количина на овој тежок метал во организмот, што е особено опасно за децата и трудниците.

Лекарите советуваат да не се јаде туна повеќе од еднаш неделно.

3. Суво овошје
Сувото овошје е совршена енергична закуска, особено пред тренинг. Сепак, сите суви овошја (урми, брусница, смокви, кајсии, сливи…) содржат многу повеќе шеќер отколку свежото овошје. Бидете умерени.

4. Мусли и житарки
Житариците сами по себе не се проблемот, туку оние што се преработуваат, а такви се огромното мнозинство. Тешко е да се најдат житарки на продажба кои не содржат никаков облик на шеќер. Исто така, дури и ако тие не содржат вештачки шеќери, ќе ви биде тешко да најдете житарки од цели зрна. Процесот на преработка е таков што се отстранува огромен дел од хранливите материи

5. Конзервирани домати
Главниот проблем со секоја конзервирана храна е тоа што самата конзерва, во која се чува производот, може да содржи остатоци од смолести материи кои го содржат синтетичкиот естроген бисфенол-А. Научниците одамна ја идентификувале неговата улога во развојот на многу болести – од проблеми со репродуктивниот систем до срцеви заболувања, дијабетес и дебелина. Некои студии покажаа дека синтетичкиот естроген може негативно да влијае на плодноста.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

M T

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ – Овие намирници се ѕвездите на есенското мени

M T