22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЉУБОВ И СЕКС

ПИЈАН И ИЗЈАВИ ЉУБОВ – Беше кум на свадбата, па ја украде невестата

Интересната љубовна приказна на Дезире Вајт го „заврти“ целиот свет. Имено, Дезире се разведе од сопругот и се омажи за својот пријател Брајант, кој на нивната венчавка му беше кум на нејзиниот поранешен сопруг.

Тогаш Брајант и кажа пред сите дека е заљубен во неа.

„Се сеќавам на првиот пат кога ја видов Дезире. Се заљубив во неа. Знаев дека мора да биде моја. Таа е најубавата личност што сум ја видел во животот. Таа е најдобрата личност што сум ја запознал. Никогаш не сум сретнал некој како неа. Потоа дознав дека веќе има момче и знаев дека треба да најдам начин да ја добијам, но потоа го запознав и нејзиното момче (сега бившиот сопруг) и станавме пријатели. Ве сакам и двајцата. Честитки – Дезире го раскажа говорот на Брајант додека тој наздравуваше за својот најдобар пријател на свадбата во 2010 година како кум.

Таа додаде дека по неговото признание, во салата со 200 луѓе завладеа молк, а таа била многу засрамена.

„Брајант и мојот поранешен сопруг станаа најдобри пријатели и правеа сè заедно“, рекла Дезире и додала дека никогаш немала чувства кон Брајант, кого го запознала во средно училиште.

Кажа дека точно се сеќавала на неговиот поглед кога ја видел во венчаница и дека никогаш досега не ја гледал така. Брајант наводно се опијанил на венчавката, а потоа јавно и ја признал љубовта. Истата вечер, Дезире танцуваше со Брајант. Додека танцувале, тој прашал зошто таа никогаш не му давала шанса.

Своето признание, Дезире подоцна го оправда со фактот дека само бил пијан и не знаел што зборува. Меѓутоа, кога нејзиниот брак почна полека да се распаѓа по една година бидејќи нејзиниот сопруг усвоил сосема различни навики, нејзината врска со Брајант премина од пријателство во љубов.

За време на нејзиниот развод тој бил со неа и ја тешел, а во еден момент на нејзино изненадување дури и ја бакнал.

– Излезе од никаде. Кога ме бакна… Бев шокирана што тоа беше добар бакнеж. Се чувствував добро и природно, се присети Вајт.

По една година од нивната врска, таа забременила со нивниот прв син, кој сега има девет години, а парот се венчал во 2012 година. Денеска имаат четири деца и се среќни.

Можеби ќе ве интересира

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Засекогаш несреќни во љубовта: Овие 3 хороскопски знаци остануваат без партнер, а не е виновен ретроградниот Меркур

M T

Љубов до крајот на животот: Тие се најсилниот хороскопски пар

M T

Четири хороскопски знаци ќе се сретнат со љубовта на својот живот до крајот на јули: Другите имаат криза во врските

M T

Немаат среќа во љубовта: Овие хороскопски знаци имаат НАЈНЕУСПЕШНИ врски

M T

Среќата им се насмевнува: Овие три хороскопски знаци лудо ќе се заљубат

M T