18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКХОРОСКОП

Очекуваат партнерот да им ги „чита мислите“: Овие знаци никогаш не покажуваат чувства

Има хороскопски знаци кои горе-долу јасно ги изразуваат чувствата, но има и такви кои не се ни блиску до толку отворени.

Според астролозите, овие три знаци се издвојуваат затоа што ги потиснуваат чувствата повеќе од кој било друг.

Скорпија

Скорпиите се повлечени, иако не изгледаат така. Тешко им е да ги изразат своите емоции, па често знаат да се однесуваат ладно и бездушно. Кога станува збор за искажување љубов, тие генерално очекуваат „другата страна“ да знае што е во нивното срце и да ги прочита нивните мисли и чувства. Исто така, императив е личноста која им се допаѓа или со која се во врска или во брак да биде директна.

Стрелец

Не се премногу љубезни и отворени во комуникацијата. Не им е пријатно да ја покажат својата наклонетост кон некого, без разлика колку длабоко го сакаат. Чувствата срамежливо ги искажуваат, а кога станува збор за романса, секогаш се загрижени.

Риба

Луѓето родени во овој воден знак често не сакаат да признаат како се чувствуваат за себе, а особено не за личноста во која се заљубени. Наместо да зборуваат за емоции, тие сакаат нивната врска да се заснова на разбирање и се надеваат дека другата страна ќе „прочита“ како се чувствуваат.

Ако се гледате со маж роден во знакот Риби, не очекувајте дека ќе ве запроси – ќе ве сака до небо, но тешко ќе го надминете добро познатото прашање: „Дали сакаш да се омажиш за мене?’. Жените Риби, пак, секој слободен момент ќе можат да го поминуваат со вас со месеци, но никогаш нема да ви кажат дека им се допаѓате – на вас останува сами да ги „прочитате“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Овие ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ, и покрај нивните силни чувства, НАЈТЕШКО КАЖУВААТ „ТЕ САКАМ“

M T