Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

32 вработени од Комунална Хигиена реагират: Лажат, нашето отстранување е поради политички пазарења

Вработените на кои не им беа продолжени договорите во ЈП Комунална хигиена, реагираат дека се „жртва“ на политички пазарења. Тие велат дека не е точно дека не доаѓале на работа, и тоа лесно може да се провери преку безбедносните камери и потписите за редовност.

„Сакаме да и соопштиме на пошироката јавност дека нашето отстранување е направено едноставно поради политички пазарења, а не поради нашата нерегуларност на работа, а уште помалку затоа што сме непотребни! Нашата присутност лесно може да се провери преку безбедносните камери и потписите во списоци за редовност на работниците, а што се однесува до електронскиот систем, не на сите им се даваат потребните картички за евидентирање токму за овие манипулации!

Сите работни места од нашето заминување ќе бидат пополнети со партиски послушници, затоа што тоа беше целта. Според законот за систематизација во Комунална хигиена, освен тие позиции што дополнително се ослободија од нашето отстранување, има уште многу други слободни позиции, што значи дека образложението на директорката дека сме биле нередовни и непотребни само ни го отвора законскиот пат да си го бараме нашето право!

Оправдувањето за непродолжување на договорите за работа на 32-те работници за нас е уште погневно, навредливо, понижувачко и дискриминаторски, отколку самиот факт за непродолжување на договорите!

Со земја која не и дава перспектива на младите, земја која кога правиш еден чекор напред, а те турка два назад, земја која сè уште работи со овој систем не може да се оди во ЕУ“, стои во реакцијата на вработените.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски: Од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив

ДЕСК

Герасимовски додели 82 стипендии до 3500 денари месечно на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар!

ДЕСК

За нов претседател на Советот на Општина Битола беше избран советникот Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК